Челси ја добива битката за потписот на Бразилецот

Барса доцна синоќа испратила понуда за Рафиња, Лидс не сакал ниту да ја погледне

Барселона доцна синоќа стапила во контакт со Лидс за да достави нова понуда за услугите на Рафиња, но „белите" не сакале да го погледнат предлогот на клубот од Камп Ноу.

Барселона го идентификуваше Рафиња како наследник на Дембеле, со месеци има договор со Бразилецот, но проблем им направи тоа што Лидс остана во Премиерлигата (со испаѓање во втора лига ќе се активираше откупна клаузула од 25 милиони евра).

„Каталонците“ во моментов немаат пари за засилувања, ниту пак имаа намера да платат 75 милиони евра колку што бара Лидс за разделба со Рафиња.

Ова го искористија големите клубови од Англија, кој почнаа да наддаваат за услугите на офанзивниот фудбалер и вчера пристигна информација дека Челси договорил трансфер од 60/65 милиони фунти.

Според ТВ3, Барселона доцна синоќа стапила во контакт со Лидс за да достави нова понуда, но „белите“ не сакале да го погледнат предлогот на клубот од Камп Ноу.

Новинарот Фабрицио Романо исто така пишува дека Барселона му се јавила на Лидс, но „каталонците“ немале шанси да го изедначат предлогот на Челси.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе