Историска одлука која не им се допаѓа на дел од фановите

Барса до крајот на годината го продава името на стадионот за 400 милиони евра

Медиумите од Каталонија пишуваат дека Барселона е во напредни преговори за продажба на името на стадионот, договор од кој се очекува да се инкасираат околу 400 милиони евра.

„Каталонците“ со години се обидува да најде спонзор со кој ќе се финансира проектот Еспаи Барса вреден 600 милиони евра, со кој треба да се реновира, прошири и модернизира Камп Ноу и неговата околина.

Последните информации велат дека Барселона е во напредни преговори со каталонската фармацевтска компанија Грифолс за брендирање на стадионот.

Се шпекулира дека преговорите се во напредна фаза и дека документите за соработката би требало да бидат потпишани до крајот на годината. За тоа што името Грифолс ќе стои покрај Камп Ноу, Барса треба да инкасира околу 400 милиони евра за 20 години.

Грифолс и во 2017 се споменуваше како можно ново име на стадионот на Барселона, но тогаш ваквите написи беа демантирани.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе