Македонецот го привлекува вниманието

Барнли подготвува понуда за Чурлинов

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов имаше одлични партии за време на подготовките на Штутгарт, а таа форма ја префрли и на официјалните натпревари.

Чурлинов ја почна сезоната на најдобар можен начин, со негов гол го однесе Штутгарт во следното коло од Купот на Германија, а игрите на Македонецот не остануваат незабележани од други клубови.

Информациите од Германија велат дека Барнли е сериозно заинтересиран за Чурлинов и во наредните денови може да испрати конкретна понуда до Штутгарт.

Барнли минатата сезона испадна од Премиерлигата, но целта е експресно да се врати во англиската елита. Синоќа со гостинска победа од 1-0 над Хадерсфилд ја стартуваа сезоната во Чемпионшип.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе