Македонецот започнува нова авантура во Англија

Барнли го потврди трансферот на Чурлинов, Компани вели: Добивме офанзивец кој е неверојатен работник на теренот

Барнли го потврди трансферот на Дарко Чурлинов од Штутгарт, Македонецот стави потпис на четиригодишен договор со клубот од „Трф Мур".

Дарко Чурлинов започнува нова авантура и се сели во Англија, попладнево пристигна официјална потврда за неговиот трансфер во Барнли.

„Барнли е задоволен што може да потврди дека го ангажираше Дарко Чурлинов од Шалке, играчот стави потпис на четиригодишен договор“ – гласеше известувањето.

За ангажманот на Македонецот, тренерот Винсент Компани вели: „ Дарко е офанзивно ориентиран играч и неверојатен работник. Имаме добар однос со Штутгарт па успеавме да го донесеме ова младо перспективно момче“.

„Среќни сме што тој ќе биде дел од иднината на клубот и со нетрпение чекаме да го интегрираме во тимот“.

За трансферот на „Трф Мур“, Дарко Чурлинов рече: „Возбуден сум што пристигнав тука, едвај чекам да почнам да играм. Нема времe за губење, со нетрпение го чекам првиот натпревар“.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе