ПРЕМИЕРЛИГА

Барнли го изненади Челси, шампионот со кикс уште на стартот (ВИДЕО)

Големо изненадување на стартот од новата сезона во Премиерлигата, Барнли славеше над шампионот Челси на Стемфорд Бриџ со 2-3

„Сините“ катастрофално ја започнаа новата сезона, средбата со Барнли ја звршија со двајца играчи помалку и загубија со 2-3.

Проблемите за шампионот започнаа во 14. минута, Гери Кејхил за еден неспретен старт доби директен црвен картон.

Гостите ја искористија предноста од играч повеќе и десет минути поведоа со голот на Воукс. До крајот на првиот дел, одбраната на Челси капитулираше уште два пати, па Барнли на пауза замина со високи 0-3.

Во второто полувреме, Алваро Мората погоди во 69. минута за својот деби гол во Премиерлигата и ја врати надежта кај домаќините. Но потоа следуваше нов пех, Фабрегас заработи втор жолт картон и беше испратен во соблекувална.

Сепак, и со двајца играчи помалку, Челси стигна до 2-3 во 88. минута. Мората одлични му асистираше на Давид Луиз, кој од пет метри ја затресе мрежата на гостите.

Но тоа беше се што направија избраниците на Антонио Конте и на крајот мораа да се помират со поразот.

Руни со гол на своето второ деби во дресот на Евертон донесе три бода за „Карамелите“, Хадерсфилд славеше со 0-3 на гостувањето кај Кристал Палас, а ВБА со минимални 1-0 го доби мечот со Борнмут. На средбата помеѓу Саутемптон и Свонси немаше голови.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе