Премиерлига

Барнли е првиот тим кој освои бод на Енфилд, Салах се изнапромаши (ВИДЕО)

Барнли е првиот тим кој си замина од Енфилд непоразен оваа сезона, гостите се изборија за бод со голот на Џеј Родригез на средината од вториот дел, Мохамед Салах „изгоре" во желбата да постигне гол.

Ливерпул попладнево одигра 1-1 со Барнли, избраниците на Дајч се првиот тим кој успеа да го преживее Енфилд оваа сезона. „Црвените“ беа подобар противник, креираа доволно прилики за победа, но на крајот мораа да се помират со реми.

Салах имаше две големи шанси да го отвори резултатот но голманот Поуп се истакна и го фрустрираше Египјанецот. Англичанецот сепак но не можеше ништо да стори кога Робертсон со глава погоди во 34. минута.

На стартот од вториот дел, Фирмино ја погоди стативата а Салах „изгоре“ во желбата да постигне гол и се посрамоти од убава позиција.

Казната стигна во 69. минута, Џеј Родригез реализираше за 1-1 па Ливерпул повеќе нема перфектен рекорд на домашен терен.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе