Откако слета во Истанбул

Барди: Во Трабзон дојдов да си го остварам сонот, да заиграм во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди слета во Истанбул за да го комплетира трансферот од Леванте во Трабзонспор. 

Енис Барди во текот на денот треба да ги помине медицинските тестови и да стави потпис на договор со турскиот шампион.
 
Тој веднаш по слетувањето на аеродромот во Истанбул, на новинарите им рече дека пристигнал во Трабонспор за да си го оствари сонот, да игра во Лигата на шампионите.
 
„Среќен сум што ќе бидам дел од шампионски тим. Останува да ги средиме последните детали, па да се видам со новиот тренер и новите соиграчи. Во Трабзонспор дојдов да си го остварам сонот за настап во Лигата на шампионите“, изјави Барди.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе