Бараж за пласман на СП

Барди: Важна е секоја секунда, секоја топка, детали ќе го одлучуваат мечот со Италија

Енис Барди вели дека Македонија покажала дека секого може да победи, па зошто така да не биде и во Палермо кога играме против актуелниот Европски шампиони. 

Во четврток со почеток од 20:45 часот Македонија ќе гостува кај Италија во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство. Јасно е кој е фаворит во оваа пресметка, но во фудбалот постојат изненадувања.
 
„Мислам дека сите знаеме колку ни е важен овој натпревар и колку тежок ќе ни биде. Тие ќе играат со сите сили, што е нормално. И ние едвај го очекуваме овој предизвик. Ќе биде еден од најважните натпревари кои можеме да ги одиграме во кариерите и затоа мора да бидеме стопроцентно концентрирани во секој момент од играта. Натпреварот трае 90 минути, а во 90 минути мислам дека можеме да добиеме секого и да оставиме добар впечаток“, вели Барди.
 
„Во денешниот фудбал нема фаворит. Некогаш и фаворитите знаат да те изненадат, да имаат лош ден. Ние покажавме многу пати дека можеме да победиме секого и затоа важно е како ние ќе изгледаме. Нормално дека и тие се многу важни, имаат добра селекција и се прваци на Европа, но и покрај тоа мислам дека треба да се концентрираме на нашата игра и на тоа што ни го бара селекторот. Мислам дека нема да имаме проблем со квалитетот што го имаме, иако ни фалат Елиф, Тихо и други играчи, но ќе играме и за нив“.
 
„Мислам дека многу детали ќе го решат овој натпревар, затоа важен ни е секој детаљ, секоја топка и секоја секунда. Исто така треба да одиграме и психолошки, на пример, ако тие не ризикуваат во првите 15-20 минути, треба да го искористиме тоа и да ги фати нервоза“.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе