ЕВРО 2020

Барди: Уште малку ни фали во нападот за да бидеме поопасни

Енис Барди беше еден од најдобрите во нашата селекција на мечот со Австрија, тој е разочаран од поразот, но се надева дека ќе биде поинаку на другите натпревари. 

Македонија не успеа да ја воспостави својата напаѓачка игра против Австрија, немаше доволно креација во нападите која знаеме дека ја поседуваме, противникот ги искористи своите шанси и победи.
 
„Ова беше добар меч за нас. Сакавме добро да го одиграме овој натпревар, но многу е тешко со најдобрите тука да се бориш. Во одредени моменти бевме многу подобри од нив, но тие подобро ги искористија своите шанси и дојдоа до победата. Среќен сум што тука, мислам дека екипата е жива и даваме се што можеме, играме од срце. Имаме уште два натпревари, сега треба да анализираме каде ни се грешките“, вели Барди.
 
„Сега треба да се одмориме добро, да видиме каде ни се грешките, бидејќи секој противник ги анализира натпреварите и гледа каде ни се грешките.  Да ги одмориме главите и телата и против Украина одиме да дадеме повеќе од ова сега. Уште малку ни фали во нападот да бидеме поопасни. Треба да уживаме во секој момент тука“.
 
„Бев позитивен на корона десетина дена, но во тој период добив голема поддршка, го користам овој момент да им се заблагодарам на сите. Навивачите ни се 12. играч. Им благодарам што се тука“.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе