МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛЕР СЕ СЕЛИ ВО ШПАНИЈА

Барди станува играч на Леванте, Македонија добива фудбалер во Примера

Македонскиот фудбалски талент, Енис Барди од наредната сезона ќе настапува за Леванте, тој во моментов е во Валенсија каде ги поминува медицинските прегледи и ќе стави потпис на договор со шпанскиот клуб. 

Веќе нема дилеми, Барди следната сезона ќе игра во Примера, остануваат уште формалности за трансферот да биде комплетиран.
 
Македонскиот репрезентативец кој блескаше на Европското првенство до 21 година во Полска, прави одличен трансфер.
 
„Би било одлично да се игра во Шпанија, против фудбалери како Меси, Роналдо, Нејмар, тоа ќе биде остварување на мојот сон“ - изјави Барди за шпанските медиуми.
 
Според најавите, Леванте на Ујпешт ќе му плати 1,5 милиони евра плус 10% од идниот трансфер на Барди.
 
Енис Барди преку инста стори постираше слика од Валенсија:
 

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе