Откако Леванте му откина два бода на Атлетико Мадрид

Барди: Среќен сум за голот, ова е голем бод против силен противник

Македонскиот фудбалер, Енис Барди синоќа го постигна единствениот гол за Леванте на мечот против Атлетико Мадрид со кој дојдоа до бод, натпреварот заврши 1-1.

Со гол на Барди, Леванте дојде до бод против лидерот во Примера, му откина два бода на Атлетико Мадрид и ги израдува Реал и Барса.

„Пресреќен сум за голот, долго време не играв, среќен сум што освоивме бод против лидерот. Ова беше тежок натпревар затоа што претходно загубивме дома, покажавме дека можеме да се надигруваме со најдобрите“, изјави Барди по мечот.

„Атлетико е тим преполн со квалитет, тим кој ве тера да се браните. Во првото полувреме не ја имавме топката во посед, но во вториот дел се поправивме. Мислам дека завршивме добра работа“. 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе