Македонецот конечно погоди по седум месеци

Барди со помош на ВАР ја потврди победата на Леванте и ги турна Димитриевски и Рајо кон втора лига (ВИДЕО)

Енис Барди постигна гол по седим месеци и ја потврди победата на Леванте од 4-1 против Рајо Ваљекано, за гостите и Столе Димитриевски поразот значи дека 99% одат во Секунда

Леванте издвојува важна победа против Рајо Ваљекано. Домаќините славеа со 4-1 и направија значаен исчекор кон опстанок во Примера.

Со головите на Кампања и Везо, Леванте на пауза замина со предност од 2-0. Гарсија во 71. минута го врати Рајо во игра, но избраниците на Лопез не дозволија изненадување.

Џејсон реализираше за 3-1 во 85. минута, а Енис Барди ја потврди победата во последните мигови од мечот. Голот на Македонецот требаше да биде потврден со ВАР, па тој може конечно да се радува на погодок за Леванте по седум месеци.

Со овој триумф, Леванте сега има +5 во однос на зоната за испаѓање (Ваљадолид има и меч помалку), додека пак поразот значи дека Рајо и Столе Димитриевски 99% одат во втора лига. Тие имаат шест бода помалку од местата кои носат опстанок на две кола до крајот.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе