Беше прогласен за играч на натпреварот

Барди со два гола му донесе бод на Леванте против Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Енис Барди со два гола од пенал спречи Атлетико Мадрид да го победи Леванте, натпреварот заврши нерешено 2-2. 

Првпат по паузата поради повреда Барди се најде во стартниот тим и веднаш беше главен на натпреварот.
 
Атлетико Мадрид двапати водеше, а Барди двапати израмнуваше од пенал и не дозволи неговиот тим да загуби.
 
Антоан Гризман во 12. минута му донесе водство на Атлетико Мадрид од 1-0
 
На осум минути до крајот на првиот дел, Леванте го доби првиот пенал, а Барди погоди за израмнување на 1-1.
 
Во 76. минута Атлетико Мадрид дојде до ново водство, Куња по само три минути откако влезе во игра, постигна гол за ново водство на неговиот тим.
 
Се чинеше дека Атлетико Мадрид ја има контролата на мечот и ќе дојде до победа, но во самиот финиш Леванте доби уште еден пенал. Барди погоди и по вторпат и ги постави конечните 2-2.
 
На крајот Барди беше прогласен и за играч на натпреварот.
 
За разлика од претходнте сезона, Леванте има лош старт, по 11 кола нема победа, има шест нерешени натпревари.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе