Квалификации за ЕП 2020

Барди се повреди, нема да игра против Словенија и Полска

По дефанзивните главоболки за селекторот Игор Ангеловски, сега се јавуваат и проблеми во средниот ред, Барди е повреден и ќе ги пропушти следните два квалификациски меча на Македонија.

Леванте потврди дека Барди се повредил и ќе паузира во наредните три недели, тоа значи дека речиси и да нема шанси тој да се појави на собирот во Скопје на 7 октовмри пред дуелите со Словенија и Полска.
 
„Енис Барди има повреда на задната ложа од десниот мускул. Се очекува да се врати на теренот за три недели“, стои во соопштението на Леванте.
 
Претходно се повреди Дарко Велковски кој исто така сигурно ги пропушта престојните дуели на Македонија, Бејтулаи има жолти картони.
 
Добра вест е тоа дека Стефан Ристовски би можел да се врати во составот откако при крај е со рехабилитација од повредата поради која се уште нема првенствен натпревар за Спортинг Лисабон оваа сезона.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе