Квалификации за СП 2022

Барди поради повреда ги пропушта натпреварите против Лихтенштајн и Германија

Поради повреда, Енис Барди нема да настапи на престојните квалификациски натпревари против Лихтенштајн и Германија. 

Барди се уште не е опоравен од повредата на задниот бутен мускул која ја здоби на натпреварот против Романија. Тој нема да може да му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски за мечевите со Лихтенштајн и Германија.
 
Милевски нема да повика ново име на местото од Барди.
 
Македонската репрезентација синоќа во хотел „Хилтон“ во Скопје го имаше првиот собир. Во репрезентативната база пристигаа Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Висар Муслиу, Тихомир Костадинов, Дени Илиев, Стефан Спировски, Кире Ристевски, Дамјан Шишковски и Никола Ѓорѓев. Сите останати повикани за двата натпревари денеска ќе му се приклучат на тимот. 
 
Првиот тренинг македонската репрезентација ќе го има денеска од 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. 
 
Македонија на 8. октомври му гостува на Лихтенштајн, а на 11. октомври ја пречекува Германија.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе