- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 86НОВИ / 24h
- 1 од 15
- следно ›
- Контакт
Македонскиот фудбалер сака да замине веднаш
Барди побарал да биде продаден уште во јануари

Ситуацијата на Леванте во Примера изгледа безнадежно, тешко дека ќе успеат да изборат опстанок во лигата, а интерес за Барди има од неколку клубови, па тој побарал да биде продаден уште во јануари, пишува „Супердепорте“.
Синоќа „Ел Чиригинто“ објави дека за Барди има интерес од Милан кој нуди пет милиони евра за нашиот фудбалер.
Се чини дека и Леванте е ставен во позиција да го продаде Барди во јануари. Неговиот договор истекува на лето, има опција за уште една сезона, но таа не може да се активира ако клубот испадне од Примера.
Леванте за Барди плати 1,5 милиони евра, па со неговата продажба секако дека ќе заработат.
Дополнително Леванте е во лоша финансиска состојба и мора да продаде дел од своите фудбалери, се чини дека сега е вистинско време за разделба со Барди.
Покрај Милан, се шпекулира дека интерес за Барди има и од Торино, Реал Сосиедад и Бетис.
Фудбал
Објавено на
21 Јануари 2022 - 12:27