ЕВРО 2020

Барди: Македонија го менува менталитетот, овој успех мора да го повториме

Енис Барди вели дека настапот на Европското првенство секогаш ќе биде запаметено меѓу македонските фудбалери, но тоа ќе им дава сила и самодоверба да продолжат да редат успеси.

Енис Барди беше еден од најдобрите играчи на Македонија на Европското првенство и покрај тоа што пропушти голем дел од подготовките затоа што беше позитивен на ковид-19.

„Емоциите беа големи. Ова ќе ни биде во главата цел живот, ова ќе биде искуство кое треба да не носи и да ни дава сила да дојдеме тука пак. Ова е сон на сите нас, да дојдеме тука и да докажеме дека Македонија има големи играчи“, вели Енис Барди.

„Имавме многу емоции, затоа што знаеме кој е Горан. Тој секогаш ќе ни фали, тој е најголемиот играч во историјата на Македонија. Тој треба да ни дава сила да одиме по неговите чекори. Тој е пример за сите нас. Ќе ни фали секогаш“.

„Сега треба да ги одмориме главите, овие неколку недели ни беа тешки. Сакаме да дојдеме тука пак, оваа Македонија го менува менталитетот. Сега за нас знае цела Европа и мора да го повториме овој успех“.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе