Леванте го напушти дното на табелата откако вечерва на домашен терен го победи Реал Сосиедад со 2-1.
Домаќините стигнаа до предност од 1-0 во 53. минута, Мирамон погоди за 1-0, но гостите одговорија во 66. минута и изедначија на 1-1 преку Давид Силва.
Леванте до трите бода стигна во финишот од смешен пенал, еден гостински фудбалер додека се градеше на работ од шеснасетникот го удри противникот со рака а судијата без мнгоу размислување покажа на белата точка и покрај протестите.
Мелеро ја превзе одговорноста и реализираше за 2-1 и огромна радост на домаќините. Нашиот Енис Барди шанса доби во 62. минута и внесе живот во редовите на Леванте, учествуваше и во една акција по која падна гол, кој сепак беше понишитен пореди офсајд.