Ла Лига

Барди е во страшна форма, за половина час постигна два гола против Селта и испишa историја (ВИДЕО)

Енис Барди постигна два гола против Селта за половина час игра, Македонецот испиша историја и стана најдобриот стрелец од странство во дресот на Леванте во Ла Лига.

Леванте по десетина минути игра поведе со 0-1 на гостувањето кај Селта, стрелец на голот беше Енис Барди. Македонецот доби една топка во шеснаесетникот на домаќините и прецизно погоди на првата статива.

Во 28. минута следуваше нова одлична акција на гостите, Рочина одлично му асистираше а Барди по втор пат ја затресе мрежата на Селта, за својот пети погодок по ре-стартот на сезоната во Шпанија.

Со овие два гола, Енис Барди испиша историја и стана најдобриот стрелец од странство во дресот на Леванте во Ла Лига. Македонецот има 19 погодоци, два повеќе од Мустафа Рига.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе