Ковид-19 е минато, Барди е подготвен за игра

Барди: Цел свет ќе дознае каков фудбал игра Македонија

На денешната прес-конференција во Букурешт, Енис Барди потврди дека е максимално подготвен за игра и покрај неговата непријатна ситуација со ковид-19. 

Барди мораше да почека за да им се приклучи на подготовките со останатите фудбалери поради тоа што беше позитивен на ковид-19. Тој ги пропушти пријателските средби со Словенија и Казахстан, но вели дека нема никакви последици и е подготвен за игра.
 
Добар сум, немам никакви проблеми. Не ми беше сеедно што бев позитивен, им благодарам на сите за поддршката, на сите кои ми велеа дека навреме ќе добијам негативен тест и ќе стигнам да настапам на ЕП. И пред четири години кога играв на младинското ЕП, бев повреден пред него, бев со штаки, но се опоравив, дадов гол и победивме. Јас сум подготвен, а од селекторот ќе зависи дали и колку ќе играм“, вели Барди.
 
„Сите со нетрпение чекаме да почне првенството и првиот натпревар со Австрија. На овие натпревари секој играч ќе даде сто проценти. Македонија многупати докажа дека има квалитетни играчи, а на ова ЕП целиот свет ќе дознае каков фудбал игра Македонија“.
 
„Не се согласувам дека Австрија не надигра во квалификациите, резултатите не беа вистински израз за она што се случуваше на теренот. На секој противник ќе му бде тешко со нас. Одиме од натпревар во натпревар. Секој противник треба добро да го анализираме, кој каде како да се постави. Но сигурно дека и тие нас ќе не анализираат. Еден момент, една шанса можат да бидат одлучувачки, се мора да се искористи“.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе