Во интервју за „Атлетик“, Марио Балотели меѓудругото се спореди и со Роналдо и Меси.
„100 проценти сум сигурен дека мојот квалитет е на исто ниво како и квалитетот на Меси и Роналдо, но јас... јас пропуштив некои шанси, знаете? Се случува“, вели Балотели.
„Сега не можам да кажам дека сум добар како Роналдо, бидејќи Роналдо освои колку Златни топки? Пет? Не можете да се споредувате со Меси и Роналдо, никој не може. Но ако зборуваме само за квалитет, фудбалски квалитет, нема зошто да им бидам љубоморен, да бидам искрен“.
Тој вели дека најголема грешка му е што си заминал од Манчестер Сити, верува дека ќе освоел Златна топка ако останел аму.
„Дури и во годината кога заминав играм многу добро во Милан година и пол, но потоа имав некои проблеми. И сега сум постар, знам дека не требаше да го напуштам Сити тогаш“.
„Сите овие години гледајќи го Сити како напредува, напредува и напредува, јас можев да бидам како Серхио Агуеро ако останев таму“.
„Додека бев во Сити, веројатно можев да освојам Златна топка, сигурен сум во тоа. Но знаете, кога ќе созреете, кога ќе станете поискусни...“.
Најдобар момент во кариерата на Баолтели е кога ѝ даде два гола на Германија на ЕП 2012 за пласман на Италија во финале.
„Тоа беше најдобриот мој момент во кариерата. Сега целта ми е да се вратам во националниот тим и да помогнам да се пласираме на Светското првенство. Работам да бидам во репрезентацијата во март за бараж натпреварите, се надевам дека ќе добијам повик“.