МУ ТРЕБАШЕ ПОМОШ ДУРИ И ОД ТРЕНЕРСКИОТ ПЕРСОНАЛ

Балотели поради проблеми со врвките на копачките ги пропушти првите две минути од дуелот со Нант (ВИДЕО)

Марио Балотели пак имаше проблем со опремата, престегнатите врвки на копачките го принудија напаѓачот да ги пропушти воведните минути од дуелот на Ница со Нант

Италијанецот беше во стартниот состав на Ница за дуелот со Нант, но натпреварот започна без Марио Балотели на теренот.

Репрезентативецот на „Аѕурите“ имаше проблем со копачките, поточно врвките биле премногу стегнати и тој не се чуствувал комфорно.

Па на помош ги повика луѓето од тренерскиот персонал, на кои им беше потребно 90 секунди да го оспособат контроверзниот напаѓач да влезе во игра.

По крајот на натпреварот, тренерот Лусијан Фавр истакна дека во неговата 40 годишна кариера никогаш не видел вакво нешто.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе