Напаѓачот објасни зошто реагираше во Верона

Балотели: Навредувајте ме како сакате, само немојте на расна основа, тоа боли најмногу

Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели објасни зошто одлучил да реагира на расистичките навреди во Верона. 

Откако слушна расистички навреди, Балотели прекина да игра и ја шутна топката кон трибината од каде што доаѓаа непријатните звуци.
 
Верона доби казна поради расистичките навреди, Серија А ја затвори само трибината од каде што доаѓаа расистичките навреди. А клубот му изрече ригорозна казна на водачот на ултрас фановите, тој нема да може да стапне на стадионот во наредните 11 години.
 
„Знам дека ние не треба да им даваме внимание на овие луѓе, но исто така не можеме а да не ја подвлечеме сериозноста на тоа што тие го прават“, вели Балотели.
 
„Доколку не реагирав, ништо немаше да се случи. Можете да ме наречете идиот, немам проблем со тоа, но нема да биде така доколку ме викате „негро“. Тоа не е направено по грешка. Тоа е сериозно“.
 
„Престанав да играм на мечот бидејќи помислив, ова е тоа, доста е. Сакам да се казнат оние кои се виновни, не целата ултрас група, бидејќи тие се убавината на фудбалот. Никогаш не сум ја обвинил цела Верона, туку само оние неколку идиоти кои се одговорни“.
 
„Тие беа само неколку, но беа доволно за да ги слушнам од теренот, па сигурно не биле двајца или тројца“.
 
„Да бидам искрен, многу ми се допаѓа стадионот во Верона и нивните фанови, тие отсекогаш знаеле да се задеваат на интелегентен и ироничен начин. Доколку сакаат да го деконцентрираат противникот, можат тоа да го направат на илијадници начини, но не вака. Ова не е добро, не можеме да го прифатиме ова“.
 
„Мојата ќерка Пиа го виде тоа на телевизија, и нејзе ја боли три пати повеќе од мене. И неа и се случувало тоа претходно, не можете да навредувате дете на таков начин. Ние возрасните треба да поставиме стандарди и да покажеме како треба да бидеме цивилизирани“.
 
„Не велам дека сум различен од останатите играчи кои добивале вакви навреди, истите мајмунски крици, но проблемот е дека јас сум Италијанец и сакам да се вратам во репрезентацијата“.
 
„Можам да ги прифатам сите видови на навреди, но тие кои се базирани на расизам се неприфатливи, никогаш не биле прифатливи и нема ни да бидат. Тие кои го направија тоа, ќе повторам, тие се само неколку, тие се комлетни идиоти“.
 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе