Серија А

Баксузна 13-ка, Кришито за прв пат промаши пенал, Џенова на Пандев останува без победа во Фиренца од 1977 (ВИДЕО)

Џенова останува без победа во Фиренца повеќе од 42 години, вечерва „рособлу" промашија пенал и еден куп шанси и мораа да се задоволат со 0-0.

Горан Пандев и Џенова одиграа реми без погодоци на гостувањето кај Фиорентина. Македонецот беше стартер и помина на теренот еден час. Популарните „рособлу“ имаа прилика да стават крај на црната серија, немаат победа во Фиренца од 1977 година, но не ги искористија своите прилики.

Доменико Кришито промаши пенал, левиот бек имаше 12 од 12 од белата точка, но денешниот 13-ти обид се покажа како баксузен.

Во второто полувреме, Бираски и Пинамоти имаа одлични шанси, но Драговски не дозволи да биде совладан. Голманот исто така спречи и Миленковиќ да си постигне автогол.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе