Квалификации за СП 2023

Бајиќ: Ни недостасува американски плејмејкер, со него би биле 30 проценти посилни

Селекторот на кошаркарската репрезентација, Драган Бајиќ е задоволен од играта со оглед на сите проблеми со недостатокот на кошаркари со кои се соочуваше. Тој е подготвен да си замине доколку биде одлучено така. 

Фото: КФСМ
Денеска Македонија со пораз од Украина ги заврши квалификациите за Светското првенство, ги загубивме сите шест натпревари во групата во која беа и Шпанија и Грузија.
 
„И честитам на Украина за победата и би сакал да и се заблагодарам на публиката која дојде да нè бодри. Примивме многу поени во првиот дел, дури 35. Беа шутерски расположени, а ние влеговме премеко и пребавно во натпреварот“, вели селекторот Бајиќ.
 
„Бевме хендикепирани на високите позиции и бевме принудени на алтернативни решенија. Имаат доста искусни играчи кои знаеја да го казнат тоа што ние игравме и со помала енергија. Се вративме во играта со повеќе енергија во втората четвртина и намаливме на минус десет. Во второто полувреме излеговме со повеќе самодоверба и успеавме да го покажеме нашиот карактер. Неколку нереализирани зицери, слободни фрлања не уназадија и изгубивме концентрација. Имавме неколку важни напади кои одлучив да ги наметнам, да им ги дадам на помладите играчи да ги преземат, да се соочат со тоа како се игра во минути кога се одлучува натпреварот“.
 
„На крајот на денот морам да бидам задоволен со овој натпревар особено со оглед на тоа дека патувавме од Шпанија и имавме еден тренинг, покрај фактот дека на ниту еден собир не бевме комплетни и не можевме во целост да ја демонстрираме нашата моќ“.
 
„Горд сум на оваа група на момци и што имав шанса да ги тренирам. Дел од играчите имаат повеќе минутажа во репрезентацијата отколку во клубовите што не е добро за една национална селекција. Ни недостасува американски плејмејкер, со него би биле 30 проценти посилни. Ова е долг процес. Долго време просекот на репрезентацијата беше над 30 години, мора некогаш да се случи тоа подмладување дури и ако тоа значи жртвување на резултатите“.
 
„Сега треба да седнам со челниците на федерацијата и да видиме шт понатаму. Ако некој мисли дека јас сум главниот проблем и дека кошарката ќе процвета без мене, тогаш тоа веднаш ќе го решиме со мое заминување“.

Легенда под Главна слика

Фото: КФСМ

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе