Французинот губел здив

Баерн соопшти: Кингсли Коман имаше операција на срцето

Кингсли Коман имал операција на срцето, „баварците" брифираат дека се работело за мал зафат и Французинот за неколку недели ќе треба да се врати на терените.

Во пресрет на дуелот со Бохум, Јулијан Нагелсман откри дека Кингсли Коман имал операција на срцето. „Баварците“ смируваат дека не се работи за толку сериозна ситуација како што звучи, се работело за мал зафат и Французинот за неколку недели ќе се врати на терените.

„Коман синоќа беше опериран. Имаше проблематичен ритам на срцето, неколку отчукувања повеќе. Од време на време, знаеше да остане без здив. Па затоа беше поставен на долгорочен ЕКГ мониторинг и сега решивме да го направиме овој зафат“ – вели тренерот на Баерн.

„Следната недела (вторник) ќе почне со кардио тренинг и не би требало да биде надвор од терените повеќе од две недели“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе