Нов услов за трансфер на Полјакот

Баерн си тера мајтап: За Левандовски ги бара сите пари веднаш бидејќи Барса немала да постoи за година-две

Новинарот Рафаел Хонигштајн вели дека Баерн Минхен бара Барселона веднаш да ја плати целата сума од трансферот на Роберт Левандовски, „баварците" стравуваат дека „каталонците" нема да постојат за година-две.

Баерн Минхен веќе одби три понуди од Барселона за услугите на Роберт Левандовски, послендата беше вредна 40 милиони евра. 

Како што пренесува новинарот Рафаел Хонигштајн, проблем не е само сумата, туку и структурата на плаќањето. 

„Баварците“ бараат Барселона веднаш да ја плати цела сума, наместо на неколку рати. Шампионот на Германија стравува дека клубот од Камп Ноу нема да постои за година-две поради огромниот долг, па тие нема да можат да ја наплатат целата сума. 

Точно е дека Барселона има долг поголем од една милијарда, но тешко за верување е дека клубот ќе банкротира со оглед на тоа дека има имот кој вреди многу, како и голем број на фудбалери од кои може добро да заработи.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе