Дефанзивецот сака преселба во Минхен

Баерн руши рекорди за да го ангажира Де Лихт, наскоро ќе понуди 90 милиони евра

Баерн Минхен е подготвен да го сруши сопствениот трансфер рекорд за да го ангажира Матајс де Лихт, шампионот на Германија наскоро ќе достави понуда вредна 75 милиони евра, плус додатни 10-15 милиони евра во бонуси.

Баерн Минхен во брзо време ќе испрати конкретен предлог до Јувентус за трансфер на Матајс де Лихт.

Новинарот Ромео Агрести вели дека се работи за предлог вреден околу 75 милиони евра, плус додатни 10-15 милиони евра во бонуси.

Со вакви бројки, Матајс де Лихт ќе стане најскапиот трансфер во истроијата на Баерн Минхен.

Се веруав дека Холанѓанецот веќе се договорил со шампионот на Германија и дал зелено светло за преселба на Алианц Арена откако бил импресиониран од разговорите со тренерот Јулијан Нагелсман и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе