Нагелсман доби ново засилување

Баерн продолжува да ги ослабнува ривалите, Сабицер пристигна во Минхен

Баерн Минхен попладнево го потврди трансферот на Марсел Сабицер од РБ Лајпциг, фудбалерот од Австрија се обврза кон „баварците" до 30. јуни 2025 година.

Јулијан Нагелсман доби уште едно засилување, Баерн Минхен го ангажираше Марсел Сабицер од РБ Лајпциг.

Фудбалерот од средниот ред пристигнува на „Алианц Арена“ во зделка вредна 15-16 милиони евра, и се обврза кон „баварците“ до 30. јуни 2025 година.

„Задоволен сум што ми се укажа шанса да заиграм за Баерн. Како дете, дресот од Баерн ме правеше горд и среќен. Секој Божиќ за подарок добивав дрес од Баерн. Ќе го оставам срцето на терен за овој клуб, сакам да победам на што е можно повеќе натпревари и да освојам многу титули“ – рече фудбалерот од Австрија по преселбата во Минхен.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе