Лига на шампиони

Баерн пресилен за Барса, „каталонците“ за прв пат по 20 години нема да играат нок-аут фаза! (ВИДЕО)

Баерн Минхен беше пресилен за Барселона, славеше со 3-0 и ги исфрли „каталонците" од Лигата на шампиони, избраниците на Чави во продолжението од сезоната ќе играат во Лига Европа.

Барса не можеше до чудо во Минхен, „каталонците“ мораат да се помират со реалноста и за прв пат по 20 години да не бидат дел од нок-аут фазата во Лигата на шампионите.

Вечерва Баерн беше пресилен, Милер донесе водство во 34. минута, за Сане во финишот на првиот дел да испрати „проктил“ од 25 метри и да зголеми на 2-0.

Во 62. минута, Мусиала ги постави конечните 3-0 и ја испрати Барселона во Лига Европа.

Бенфика откако го преживеа Камо Ноу пред две недели, вечерва рутински со 2-0 го совлада Динамо Киев и го обезбеди второто место во групата.

Пласман во осминафинале обезбедија и Салцбург и Лил откако вечерва ги добија директните пресметки со Севиља, односно Волфзбург.

Последниот патник ќе биде познат утре, снегот го одложи мечот помеѓу Аталанта и Виљареал во Бергамо.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе