„Баварците“ се сомневаат во ликвидноста на Барселона

Баерн преферира да го продаде Левандовски на ПСЖ или Челси, напаѓачот категоричен: Ја сакам само Барса

Баерн Минхен се сомнева во ликвидноста на Барселона па преферира да го продаде Роберт Левандовски на ПСЖ или Челси, но напаѓачот на ум има само трансфер на Камп Ноу.

Иднината на Роберт Левандовски останува една од топ темите, Полјакот се врати на тренинзите на Баерн Минхен но се чини дека неговите денови на „Алианц Арена“ се одбројани.

Како што пренесува Спорт1, Баерн Минхен се сомнева во ликвидноста на Барселона и планот на „каталонците“ да го сервисираат долгот. „Баварците“ стравуваат дека финансиските проблеми на клубот само ќе се продлабочат во иднина, па бараат трансфер сумата да биде платена веднаш, или најголемиот дел од сумата да биде платен веднаш.

Спорт1 додава дека шампионот на Германија преферира да го продаде Роберт Левандовски на ПСЖ или Челси поради финансиската моќ на овие два клуба.

Сепак, Роберт Левандовски на ум има само трансфер на Камп Ноу.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе