Бундеслига

Баерн покажа моќ и против Баер, Левандовски урива рекорди (ВИДЕО)

Роберт Левандовски ја игра најдобрата сезона откако попладнево погоди во триумфот од 2-4 на гостувањето кај Баер Леверкузен, со новите три бода, Баерн Минхен е на дофат на рекордна осма титула во низа.

Продолжува победничкиот марш на „баварците“, избраниците на Флик покажаа моќ и на гостувањето кај Баер Леверкузен, славеа со 2-4 за 11-ти триумф во серија и сега се на дофат на рекордна осма титула во Бундеслигата во низа.

Домаќините добро го отворија мечот и поведоа со голот на Аларио, но им се случи потоп до паузата. Коман изедначи на 1-1, а во завршницата од првиот дел, Горецка најпрво донесе предност од 1-2, за Гнабри да зголеми на 1-3.

Во продолжението од мечот, Левандовски се запиша во листата на стрелците, Полјакот ја има најдобрата сезона во својата кариера со 30 голови во Бундеслигата и 44 во сите натпреварувања.

До крјаот на мечот, Баер само го ублажи поразот со голот на Вирц.

На останатите натпревари од 15:30 часот, Падерборн во 92. минута му откина два бода на РБ Лајпциг, Фортуна Дизледорф и Хофенхајм одиграа возбудливи 2-2, а Маинц со 0-2 славеше на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе