Французинот беше желба на пола Европа но го одбрал Минхен

Баерн одново краде ѕвезда на ривал од Бундеслигата, перспективниот Упамекано кажал ДА

Медиумите од Германија пренесуваат дека перспективниот Дајот Упамекано му кажал ДА на Баерн Минхен, решил летоска да се пресели на Алианц Арена и покрај тоа што е желба на голем број клубови ширум Европа.

21 годишниот Французин важи за еден од најдобрите млади дефанзивци на стартиот континент, неговите игри ги следат скаути на голем број клубови како Барса, Реал, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Челси и Тотнем, но според пишувањата на Билд, најсериозен кандидат за неговиот потпис е Баерн Минхен.

Весникот вели дека Дајот Упамекано веќе кажал ДА за преселба на Алианц Арена и сега останува само уште двата клуба да пронајдат договор за висината на обесштетувањето.

Во договорот на дефанзивецот има откупна клаузула од 60 милиони евра и ова е сумата која РБ Лајпциг ја бара. „Биковите“ исто така преферираат да го продадат играчот на клуб од странство наместо да дозволат тој да заврши во редовите на ривал од Бундеслигата.

Но веројатно ќе мора да се помират со негов трансфер во Баерн и тоа за многу помала сума од бараните 60 милиони евра. Билд додава дека Дајот Упамекано на ум ги има само „баварците“ и веќе почнал да уценува лидерите на РБ Лајпциг да најдат заеднички јазик зошто тој нема да прифати ниту една друга понуда и доколку не му ја исполнат желбата, во 2021 година ќе го напушти клубот без оштета.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе