Салихамиџиќ имаше полни раце работа

Баерн Минхен со три засилувања во рок од 24 часа го комплетираше составот за новата сезона

„Баварците" попладнево соопштија две нови имиња, шампионот на Германија и Европа потпиша на една година со Максим Чупо Мотинг, а на позајмица во своите редови го врати и Даглас Коста.

Баерн Минхен го комплетираше тимот за новата сезона. Откако синоќа пристигна Марк Рока од Еспањол, попладнево беа потврдени уште два трансфери.

Шампионот на Германија и Европа потпиша на една година со Максим Чупо Мотинг, кој ќе треба да биде замена за Роберт Левандовски во нападот.

„Баварците“ потоа го потврдија Даглас Коста, Бразилецот се враќа на „Алианц Арена“ на позајмица од редовите на Јувентус. Тој ќе биде опција плус во офанзивата и крилните позиции покрај Серж Гнабри, Лерој Сане, Кингсли Коман и тинејџерот Џамал Мусиала.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе