Бундеслига

Баерн Минхен со реми во Менхенгладбах ја почна новата сезона во Бундеслигата (ВИДЕО)

Неубедливите настапи од подготвителните натпревари на Баерн Минхен, се пресликаа и во првото коло од Бундеслигата, шампионот одигра 1-1 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах. 

Нагелсман не ја започнува најдобро тренерската авантура на кормилото на Баерн Минхен. Ќе почека за својата прва победа како тренер на Баварците.
 
Во подготовките имаше три порази и едно реми, а сезоната во Бундеслигата ја стартуваше со бод.
 
Менхенгладбах поведе уште во десетата минута со гол на Плеа, Левандовски во 42. минута изедначи на 1-1, што беше еи конечен резултат.
 
Шанси за победа имаа и двете екипи, но не беше постигнат и трет гол на натпреварот.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе