Лига на шампиони

Баерн Минхен покажа моќ во Лондон, на Челси ќе му треба чудо во реваншот (ВИДЕО)

Баерн Минхен со убедливи 3-0 го победи Челси на Стемфорд Бриџ и со едната нога е во четвртфиналето од Лигата на шампионите. 

На Челси ќе му треба чудо во Минхен за да продолжи да игра во Лигата на шампионите оваа сезона, Баерн Минхен покажа моќ во Лондон по втор пат оваа сезона откако претходно го прегази и Тотнем.
 
Првото полувреме беше изедначено, Баерн Минхен имаше пречка, но Челси пропушти неколку одлични шанси да дојде во водство.
 
Во 51. минута Гнабри постигна гол за водство на Баерн Минхен од 1-0, а три минути подоцна поранешниот фудбалер на Арсенал даде гол и за 2-0.
 
Интересно, Гнабри со Арсенал во девет настапи против лондонски екипи никогаш не даде гол, а со Баерн Минхен во два настапи во Лондон даде шест гола. Четири на Тотнем и два на Челси.
 
Конечниот резултат го постави Левандовски во 76. минута по асистенција на Дејвис.
 
За ситуацијата на Челси да биде уште полоша се погрижи Алонсо кој во 83. минута доби директен црвен картон поради удар без топка на противнички играч. Можеби престрого.
 
На крајот Баерн Минхен се радуваше на резултат кој му носи мирен реванш, Челси е речиси елиминиран иако тимот на Лампард нема да отпатува со бело знаме во Германија. 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе