Преговорите завршија успешно

Баерн Минхен не го дава столбот на тимот, Кимих и Горецка добија нови договори

Баерн Минхен успеа да го убеди Леон Горецка да стави потпис на нов договор, „баварците" си подале рака за продолжување на соработката и со Џошуа Кимих.

Леон Горецка е под договор до 2022 година, преговорите тапкаа во место, па неколку гиганти ширум Европа внимателно ја следеа ситуацијата. Се шпекулираше дека Реал Мадрид и Манчестер јунајтед се подготвени да го ангажираат фудбалер за беспари, односно да го донесат во своте редови како слободен играч следното лето.

Сепак, „кралевите“ и „ѓаволите“ ќе извисат, како што пренесуваат Билд и Спорт1, Баерн Минхен успеал да го убеди Леон Горецка да стави потпис на нов договор. На маса билa ставенa плата од 15 милиони евра годишно, сума која била доволна за фудбалерот од средниот ред да ја продолжи верноста.

Ова не е единствената добра вест од редовите нa шампионот на Германија, Баерн успеал да си подаде рака и со Џошуа Кимих за нова долгогодишна соработка, се очекува двата нови договори да бидат соопштени во скоро време.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе