Откако Хрватот не ги исполни очекувањата

Баерн Минхен го бара наследникот на Ковач, има неколку кандидати

Баерн Минхен и Нико Ковач синоќа и официјално се разделија, германскиот гигант сега е во потрага по негов наследник. 

Нико Ковач се покажа како грешка на раководството на Баерн Минхен, хрватскиот стратег не ги исполни очекувањата и пред време го напушти клубот.

Германскиот весник „Билд“ веднаш почна да шпекулира со имињата за нов тренер и го исклучи Жозе Мурињо, тој не бил опција за челниците на Баерн.

Една од опциите е Маурисио Почетино, кој му донесе на Тотнем значаен напредок, но тој има договор со англискиот клуб до 2023 година, па само доколку добие отказ може да отиде во Баерн.

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг од 2013 до 2015 беше тренер на вториот тим на Баерн Минхен. Карл Хајнц Румениге го прати неговиот развој, импресивна беше неговата ланска сезона со холандскиот тим, па и тој е еден од кандидатите.

Високо на листата котира Масимо Алегри кој е слободен тренер по заминувањето од Јувентус. Тоа е искусен стратег кој знае како да се справи со егото на ѕвездите. Со Јувентус играше две финалиња во Лигата на шампионите.

Се споменува и Арсен Венгер како опција, поранешниот стратег на Арсенал најави дека сака уште да работи, но тоа никако да се случи.

„Билд“ на листата го става и пензионираниот тренер Ралф Рангник кој последно го водеше Лајпциг.

Ханси Флик е назначен за привремен тренер кој треба да остане на клупата додека не дојде новиот предводник.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе