Лига на шампиони

Баерн Минхен е новиот шампион на Европа, детето од ПСЖ им го урна сонот на Французите! (ВИДЕО)

Баерн Минхен по шести пат во историјата стана шампион на Европа откако во финалето со 1-0 го победи ПСЖ, Коман беше херојот на Баварците кој потекнува токму од школата на францускиот клуб. 

Баерн Минхен го доби големото финале во Лигата на шампионите, Баварците се радуваат на најпрестижниот клупски трофеј откако со 1-0 го победија ПСЖ во финалето.
 
Францускиот тим своето прво финале во историјата не успеа да го зачини со трофеј, за него ќе почена во некоја друга година.
 
Можеби се очекуваше натпревар со многу голови, но падна само еден, имаше повеќе добри шанси и на двете страни.
 
Првата голема шанса се случи во 18. минута кога Нејмар биеше, но Нојер со одлична интервенција го одбрани неговиот удар.
 
Четири минути подоцна, Роберт Левандовски ја погоди стативата од голот на Навас.
 
Пред крајот на првото полувреме огромна шанса имаше Мбапе, напаѓачот на ПСЖ од идеална позиција биеше над голот на Баерн Минхен.
 
Клучниот момент на мечот се случи во 59. минута кога по одличен центаршут на Кимих, Коман постигна гол за водство на Баерн од 1-0.
 
Три минути подоцна Коман имаше уште една голема шанса, овој пат Кимпембе одлично интервенираше и спречи Баерн да го зголеми водството.
 
Во 70. минута по едно одлично додавање од Ди Марија, Маркињос доби прилика да постигне гол, но Нојер уште еднаш убаво одбрани и не дозволи да се затресе неговата мрежа.
 
Последната шанса ПСЖ ја имаше во судиското продолжение, но Чупо Мотинг беше краток на едно додавање од Нејмар.
 
По последниот свиреж на судијата фудбалерите на Баерн Минхен сосема заслужено се радуваа на шестиот трофеј шампиони на Европа.

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе