Се најавуваат големи промени на „Алианц“

Баерн ќе прави бум следното лето и ќе го освежи тимот со 200 милиони евра, за Родригез сепак ќе нема место

Според денешното издание на „Кикер", Баерн Минхен планира голема реконструкција по крајот на сезоната, „Баварците" со 200 милиони евра ќе го освежуваат тимот.

Баерн одлично ја започна сезоната под водство на Ковач, но потоа влезе во резултатска криза а почнаа да кружат и гласини дека голем дел од фудбалерите не се задоволни од работата на тренерот.

Изминатиов викенд „Баварците“ загубија на гостувањето кај Борусија Дортмунд, меч по кој Ули Хенес најави дека лицето на тимот прилично ќе биде изменето следното лето.

Според „Кикер“, шампионот на Германија планира голема реконструкција и со 200 милиони евра ќе го освежува тимот.

„Слободно можете да им пренесете на играчите дека ќе бидат под голем притисок во следните три или четири месеци. Во овој период ќе видиме кој е достоен за дресот на Баерн а кој не“ – порачал Хенес за „Кикер“.

Весникот вели дека први на удар ќе бидат постарите играчи како Франк Рибери и Арјен Робен. Жером Боатенг беше на излезна врата и изминатово лето, а местото во тимот не е загарантирани ниту за ѕвездите од калибарот на Томас Милер и Давид Алаба.

Бенжамин Павар од Штутгарт, кој има откупна клаузула од 35 милиони евра се посочува како прво засилување. Анте Ребиќ од Ајнтрахт Франкфурт исто така беше желба изминатово лето, но „Кикер“ вели дека фокусот сега е кон неговиот соиграч, Лука Јовиќ. Каи Хавец од Баер Леверкузен исто така е на листата со желби.

И покрај тоа што на располагање ќе има 200 милиони евра за силувања, Баерн нема да ја искористи опцијата во целост да го купи Хамес Родригез за 42 милиони фунти. Колумбиецот, кој е на двегодишна позајмица од Реал Мадрид, минатата сезона беше одличен и „Баварците“ најавија дека неговиот престој на „Алианц“ ќе стане перманентен. Но плејмејкерот оваа сезона се мачи под водство на Ковач, се шпекулира дека во неколку наврати влегол во конфликт со тренерот, па се чини дека неговиот денови во Минхен се избројани.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе