За прв пат примаат четири гола во прво полувреме

Баерн ја уништи Барса за половина час, вака никој не ја полнел мрежата на „каталонците“ во Лигата на шампиони! (ВИДЕО)

Баерн Минхен покажа моќ и против Барселона, „баварците" за половина час четири пати ја тресеа мрежата, ова е прв пат како „каталонците" примаат четири гола во прво полувреме во меч од Лигата на шампиони.

Спекталуларно прво полувреме помеѓу Барселона и Баерн Минхен во Лисабон. Шампионот на Германија поведе веќе во 4. минута со голот на Томас Милер. „Каталонците“ брзо се вратија во игра откако Алаба си ја затресе сопствената мрежа во 7. минута.

Избраниците на Сетиен имаа и шанса да поведат, но откако не реализираа, им се случи потоп за десет минути. По една грешка на Серхи Роберто и загубена топка во опасната зона, Перишиќ погоди за 1-2.

Гнабри ја искористи лошата рекција на Ленгле, изби сам пред Тер Штеген и реализираше за 1-3.

Томас Милер одлично да се снајде на првата статива и по втор пат да ја затресе мрежата за 1-4 во 31. минута од мечот.

Ретко кој вака ја уништил Барселона за половина час игра, според Опта, „каталонците“ за прв пат примаат четири гола во прво полувреме во меч од Лигата на шампионите.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе