Лига на шампиони

Баерн и Јувентус се пласираа во осминафиналето, Фати донесе победа за Барселона (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 5-2 ја победи Бенфика и се пласира во осминафиналето од Лигата на шампионите каде што е и Јувентус кој со 4-2 беше подобар од Зенит, Ансу Фати донесе триумф на Барселона кај Динамо Киев. 

Баерн Минхен со максимални 12 бода на две кола до крајот обезбеди место во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Вечерва беа убедливи против Бенфика славејќи со 5-2.
 
Хет-трик постигна кој друг ако не Роберт Левандовски кој имаше и промашен пенал. Во листата на стрелците се запшаа и Гнабри и Сане со по еден погодок. Головите за Бенфика беа дело на Морато и Нуњез.

Место меѓу 16 најдобри обезбеди и Јувентус кој со 4-2 беше подобар од Зенит.
 
Два гола даде Дибала, по еднаш погодија Киеза и Мората. Бонучи си даде автогол, а во судиското продолжение за гостите погоди и Азмон.

Барселона дојде до многу важна победа од гостувањето кај Динамо Киев каде победи со 1-0 со погодок на Ансу Фати во 70. минута.

Лил со пресврт дојде до победа од 2-1 кај Севиља. Окампос донесе водство за домаќините, Давид и Иконе го свртеа резултатот.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе