На повидок изненадувачки трансфер

Баерн и Атлетико ќе го изиграат Реал за Хамес Родригез да заврши на Ванда?!

Хамес Родригез може повторно да игра во Мадрид но во редовите на Атлетико, „колчонероси" пројавуваат интерес за Колумбиецот и можат да добијат помош од Баерн за реализирање на трансферот.

„Колчонероси“ летоска ќе останат без половина тим, па Атлетико Мадрид е во потрага на засилувања. Вицешампионот на Шпанија се поврзува со голем број на имиња, а синоќа во емисијата „Ел Чирингито“ беше објавено дека Хамес Родргиез е на листата со желби.

Според новинарот Едуардо Инда, веќе е скроен план како да се изигра Реал Мадрид. Баерн Минхен ќе треба да ја искористи опцијата да го купи Колумбиецот за 42 милиони евра, и потоа веднаш да го продаде играчот на Атлетико Мадрид за 60 милиони евра.

Во истата емија, новинарот Еду Агире пак ја оспори оваа информација и појасни дека „баварците“ немаат намера да ја активираат опцијата бидејќи самиот Хамес им соопштил дека не сака да продолжи во Минхен, па фудбалерот летоска ќе се врати на Бернабеу.

Тој додава дека сепак има простор за трансфер на Хамес Родригез во Атлетико бидејќи Колумбиецот го обожава Мадрид, а со оглед на тоа дека нема иднина во Реал, може да ја прифати понудата на „црвено-белите“ и да изврши притисок врз „кралевите“ да се реализира зделката.

За услугите на Хамес Родригез интерес пројавуваат уште некоку клубови како ПСЖ, Јувентус и Манчестер јунајтед.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе