Целата сума ќе треба да биде платена одеднаш

Баерн ги одреди условите за трансфер на Левандовски, Барселона ќе треба да плати 50 милиони евра

Според информациите на Радио Каталуња, Баерн Минхен бара 50 милиони евра за трансфер на Роберт Левандовски, исто така, целата сума треба да биде платена одеднаш.

Роберт Левандовски во неколку наврати јавно кажа дека сака да замине од Баерн Минхен и потврди дека желба му е да го облече дресот на Барселона.

Баерн Минхен нема лесно да се откаже од напаѓачот, и според Радио Каталуња, шампионот на Германија ги одредил условите за трансфер.

Барселона ќе треба да одвои 50 милиони евра за ангажман на Полјакот, и целата сума треба да биде платена одеднаш. Во моментов „каталонците“ имаат финансиски потешкотии и не можат да си дозволат ваква зделка.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе