„Фармацевтите“ го најдоа лекот за шампионот на Германија

Баер му го зеде скалпот на Баерн среде Минхен, па добро го истрола Левандовски (ФОТО+ВИДЕО)

Баер Леверкузен го изненади Баерн Минхен и го совлада на Алианц Арена со 1-2, гостите триумфот го искористија за добро да го истролаат Роберт Левандовски на социјалните мрежи.

Откако Ханси Флик го превзеде кормилото на „баварците“, шампионот на Германија нанижa четири победи со гол разлика 16-0. Сепак, Баер Леверкузен и Бејли денеска го сопреа залетаниот Баерн Минхен.

Фудбалерот од Јамајка погоди два пати и помогна неговиот тим да слави со 1-2 и да си замине од Алианц Арена со три бода. Домаќините доминираа, креираа голем број на шанси но беа прилично лоши во завршницата. Конечниот исход и неефикасноста беше причина за „фармацевтите“ убаво да го истролаат Роберт Левандовски.

Полјакот, по шоуто во Белград и постигнати четири гола за 15 минути против Црвена звезда во Лигата на шампионите, на социјалните мрежи напиша: „Морам да признам... зависен сум од голови“.

На ова објава, од таборот на Баер сега одговорија: „Ние можеме да помогнеме да го излечиме тоа“.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе