ФК Вардар

Бабунски: Во Скопје ќе одиграме подобро

Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски ветува подобра игра во реваншот против Пјуник, се надева на резултат кој ќе го однесе македонскиот тим во второто квалификациско коло.

Вардар не блескаше во Ерменија, се враќа со пораз од 1-0 кој е незгоден. Македонскиот тим треба да победи со два гола разлика за да оди понатаму.
 
„Знаевме дека ќе биде тешко, знаевме дека нè чека тешка задача, и така се покажа. Ова е само прв дел од овој двомеч. Се надевам дека во Скопје ќе се покажаме во подобро издание. Шансите и натаму се присутни, нема да се предадеме, ќе се обидеме добро да се подготвиме за реваншот и нормално посакувам резултат кој ќе нè однесе во следната рунда. На крајот честитки до Пјуник за победата“, изјави Бабунски по мечот.
 
Фото: ФК Вардар

Можевме и требавме, преку соодветните локални власти и во соработка со МНР и Министерството за култура, оваа манифестација да ја направиме меѓународна.

повеќе

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе