Лига на нации

Бабунски: Очекувам Македонија да ја победи Бугарија

Македонскиот напаѓач, Доријан Бабунски кој играше во бугарското првенство, вели дека Македонија е во добра форма и очекува победа на нашата репрезентација на престојниот меч во Разград.

Македонија на 2. јуни гостува кај Бугарија на стадионот на Лудогорец во Разград. Мечот се игра од 18 часот.

Доријан Бабунски сега игра во Дебрецин, но таму дојде од Ботев Враца за кој имаше одлични партии.

„Македонија е во добра форма, очекувам да победиме. Се надевам на добра атмосфера“, изјави Бабунски за бугарските медиуми.

По гостувањето во Бугарија кое е отворање на Лигата на нации, Македонија на 5. јуни гостува кај Гибралтар, а потоа има два домашни меча, со Грузија на 9. јуни и со Гибралтар на 12. јуни.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе