Белгиецот се најавува како засилување за Зидан

Азар: Во моментов мислам само на Челси, летоска ќе видиме дали ќе се преселам во Реал

Еден Азар вели дека во моментов во мислите му е само Челси и финишот на сезоната во Премиерлигата и Лига Европа, за евентуален трансфер во Реал Мадрид ќе му ја мисли летоска.

Еден Азар долго време се поврзува со преселба на Бернабеу, а откако Зинедин Зидан минатата недела се врати на тренерското столче, Белгиецот веднаш беше најавен како засилување на Реал. 

Синоќа се појавија стории кои велеа дека Челси го одбил првиот предлог на Реал Мадрид вреден околу 82 милиони евра, и бара најмалку 115 милиони евра за да се раздели со својата ѕвезда. 

Еден Азар од кампот на Белгија сега ги прокоментира ваквите написи, вели дека во моментов не работи на преселба во Мадрид, но додава дека по крајот на сезоната се може да се случи. 

„Не работам на ова во моментов“ - вели Азар за ВТМ њуз. 

„Сакам да блескам во дресот на Челси уште неколку месеци, да се обидеме да ја освоиме Лига Европа. Оваа недела мислам само на „црвените ѓаволи“ (Белгија) и потоа се враќам во Челси. Па ќе видиме што ќе се случи летоска“. 

„Следните два месеци се многу важни. Можеме да ја освоиме Лига Европа, мораме да ја освоиме, или да финишираме во топ четири и следната година да играме во Лигата на шампиони. Во мислите ми е само ова. Не мислам на тоа што може да се случи за два, три, четири или пет месеци. Искрано не знам, ќе мора да почекаме и да видиме“. 

Еден Азар е обврзан кон Челси до 2020 и веќе одби неколку понуди за продолжување на договорот. Доколку „сините“ не го продадат летоска, ризикуваат да загубат десетици милиони евра. Ситуацијата дополнително е искомпликувана поради казната од ФИФА и забраната за трансфери во следните два преодни рока.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе