Белгианецот ја подотвори вратата

Азар уште еднаш кажа дека копнее за преселба во Шпанија, но отфрла трансфер во јануари

Ѕвездата на Челси, Еден Азар уште еднаш ја потврди желбата еден ден да заигра за Реал Мадрид, но додава дека трансфер во јануари не е опција.

Белгианецот оваа недела ја стави својата иднина на Стемфорд Бриџ под знак прашалник откако откри дека е растргнат помеѓу останување во Челси и трансфер во Реал Мадрид, клуб за кој сонува уште како дете.

По неговата изјава, од Шпанија порачаа дека сето ова е дел од стратегијата да се омекне ставот на Челси и Реал Мадрид веќе во јануари да се обиде да го донесе играчот во своите редови. Сепак, самиот Еден Азар ја отфрла можноста за трансфер во зимскиот преоден рок.

„Веќе кажав премногу кога е во прашање мојата иднина, но заминување во јануари не е опција“ - вели ѕвездата на „Сините“.

Кога му беше посочено дека за да ја освои „Златната Топка“ ќе треба да се пресели во Шпанија, Еден Азар вели: „Можеби затоа сакам и да одам таму“.

Еден Азар исто така вели дека судејќи според моменталната форма, тој е најдобриот фудбалер во светот.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе