Примера

Азар се врати со прекрасен гол, Реал Мадрид убедлив против Уеска (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 4-1 ја победи Уеска, Еден Азар го одигра првиот натпревар во Примера оваа сезона и постигна прекрасен гол од далечина. 

Зидан конечно го има Азар на располагање, Белгиецот против Менхенгладбах одигра 20 минути, а денеска беше стартер.
 
Реал Мадрид се мачеше да постигне гол против Уеска до 40. минута кога Азар со прецизен шут од далечина погоди за водство од 1-0.
 
Пет минути подоцна по асистенција од Лукас, Бензема реализираше за зголемување на водството од 2-0.
 
По девет минути игра во вториот дел веќе беше 3-0, овој пат Валверде со силен шут ги реши сите дилеми околу победникот.
 
На 15 минути пред крајот Уеска преку Фереиро намали на 3-1, а конечните 4-1 беа дело на Бензема. Тоа беше негов втор погодок на овој натпревар.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе